0%

Апсорбер за влага

Category:

Description

Aпсорберот на влага е ефикасно и едноставно решение за елиминација на прекумерната влага во сите простории. Бесшумен, дискретен, не троши никаква енергија.

Aпсорберот на влага е пластична кутија (со димензии 16 x 20 cm, висина 14 cm) која се става на било кое место во просторијата и доколку има прекумерна влага ја апсорбира и ја собира во долниот, проѕирен дел на садот.

Во горниот дел на апсорберот се наоѓа таблета со хигроскопна сол (калциум-хлорид) која на природен начин ја врзува прекумерната влага од воздухот (кога е релативната влажност на воздухот поголема од 65%).

Со постојано користење на апсорберот на влага превентивно се чува здравјето на домашните и се спречува појава на астма и алергии.

  • Спречува појава на кондензација, а со самото тоа и појава на мувла
  • Ги суши влажните подрумски ѕидови во недоволно вентилираните простории
  • Спречува појава на мувла, како и создавање на непријатен мирис во ормарите со облека
  • Спречува создавање на микроспори на мувла и бактерии кои предизвикуваат алергии и инфекции на дишните патишта
  • Создава идеална клима за астматичари и ревматски пациенти
  • Ги штити чувствителните електронски уреди како што се телевизори, компјутери, апарaти за копирање, фото апарати и сл.
  • Во случај на поплава во станот или на пукање на цевки, го забрзува процесот на сушење на ѕидовите
  • Незаменлив потребен уред за користење во викендички и камп-приколки и чамци, посебно ако не се користат подолго време.